fbpx
Вести

Ќе започне производство на автохтон расад на охридската цреша – Долгошишка

Задругата „Охридска цреша“ прави напори во регионов да започне производство на автохтон расад на охридската цреша-долгошишка. Сега индивидуални производители калемат најразлични видови на цреши со што полека но сигурно се губи нашата препознатлива сорта, вели Ванчо Стојаноски член на зaдругата. За таа цел преставник од Институтот за земјоделство се сретна со преставници од Локалната самоуправа, поточно со преставници на ТЛЕР за да им ги предочи можностите за изработување еден заеднички проект во кој би партиципирал институтот, локалната самоуправа и задругата, а со кој би се брендирало стеблото на охридската цреша.

kje zapochne proizvodstvo na avtohton rasad na ohridskata cresha dolgoshishka
На ваков начин со поддршка на Локалната и на институтот ние земјоделците ќе го заштитиме она што е наше и препознатливо за нашиот регион. Конкретно со зачувување на расадот на охридската цреша ќе се избегне опасноста еден ден таа целосно да исчезне и како сорта да ја снема на пазарите, вели Стојаноски.

Оваа година Задругата за прв пат организирано ја пласираше охридската цреша на странските пазари. Дел од производството замина за Русија кој пазар веќе им е добро познат на овоштарите, но дел за прв пат беше пласиран во Дубаи.

И покрај сите наши слабости и препреки пред се немањето сопствен ладилник што не примора црешите да ги носиме во Ресен и таму да ги ладиме и пакуваме, ние успеавме да ги испратиме за Дубаи. Во оваа земја бараат навистина добар квалитет, тогаш може да се постигне добра цена и до 2 евра за килограм и тоа на нива, вели Стојаноски.

Охридските овоштари се оптимисти и се надеваат дека наредната година ќе имаат уште подобар пласман на црешата. Тие велат дека оваа година не ги послужиле и временските услови па родот не бил многу голем. Интензивно работат на изнаоѓање средства и локација за изградба на ладилник, а контактите со Дубаи ќе ги продлабочат и соработката ќе ја продолжат и понатаму.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close