Кој платил 350 илјади евра за акции на ЗК Пелагонија Битола
Како што покажуваат податоците од Берзата, некој продал на познат купувач преку Берзата 7.317 акции на ЗК Пелагонија Битола, по цена од 2.960 денари за акција.
Вчера на берзата поминала блок трансакција со акциите на ЗК Пелагонија Битола, на позначаен износ, односно над 350 илјади евра.
Практично, како што покажуваат податоците од Берзата, некој продал на познат купувач преку Берзата 7.317 акции на ЗК Пелагонија Битола, по цена од 2.960 денари за акција.
Или, вкупната вредност на блок трансакцијата е 21,7 милиони денари, односно попрецизно 352 илјади евра.
Ако се има предвид колкав број на акции има издадено вкупно компанијата, излегува дека акциите кои се продале на вчерашната блок трансакција изнесуваат околу 3,6 отсто од вкупниот акционерски капитал на ова акциомнерско друштво.
Инаку, според податоците на ЦДХВ, најголем акционер на ова акционерско друштво е градежната компанија Софија Градба, која поседува 22,69 отсто од капиталот, потоа Златко Пирузе има 15,36 отсто, Цветан Панделески располага со 14,59 отсто од акциите, Нова Агро инвест има 9,86 отсто, Дејан Панделевски поседува 5,2 отсто од акциите, и Снежана Георгиева има 5,19 проценти.
Кој е купувачот и продавачот ќе има појасна слика наредниот попнеделник кога состојбата ќе се преслика хи кај Централниот депозитар, каде се гледаат акционерите кои поседуваат над 5 проценти од акциите.
Н.Н.Ф.https://faktor.mk/