fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВкусот на традицијатаМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Кој произведe карфиол ќе трие раце – оди и до 250 денари за килограм

На пазарите во помалите градови, на прсти се бројат земјоделците кои имаат карфиол.

За подготовка на зимници, луѓето на пазарите бараат карфиол, но него или го нема или цената е висока, односно во некои градови стигнува и до 200, односно 250 денари за килограм.

На пазарите во помалите градови, на прсти се бројат земјоделците кои имаат карфиол. Производителите објаснуваат дека оваа култура тешко се одгледува, бара нега, скапи препарати, климата не е погодна, семенскиот материјал е скап, пласманот несигурен, а работна рака нема. Дополнително, ако претходните години имале лошо искуство, односно тешко го продале карфиолот, сега или ги намалиле површините или целосно се откажале од садењето.

„Јас завчера однесов 80 килограми, почнав со цена од 180 денари, а потоа ја намалив на 150 денари, на кочанскиот пазар. Тоа е многу за граѓаните, ама многу тешко се произведува. Многу се скапи семињата, многу тешко се работи. 30 денари е само едно коренче. Многу труд, многу вода, не му одговара климата. Тежок е за работа и специфичен, а кој нема искуство тешко е за производство“, објаснува Весна Георгиева, земјоделец.

Таа додава дека жешкото време не му одговара на карфиолот. Лани дел од оние кои не успеале да го продадат карфиолот, го фрлиле на стоката во своите фарми.

„Лани имавме голема количина на карфиол, ја продадовме за 20 денари по килограм на големо, и тоа е страшно. Едвај го продадовме. Лани лошо поминавме. Луѓето сега го бараат карфиолот, ама 250 денари е многу висока цена за граѓаните. Дури и да имаат пари, си имаат други приоритети, ќе ги потрошат парите на нешто друго, наместо да купуваат карфиол.  Јас минатата година садев два декари со карфиол“, вели земјоделец од околината на Битола, објави faktor.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close