fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Климата на Балканот ќе биде уште полоша: Климатолозите имаат црни предвидувања

Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Северна Македонија, Косово, БиХ и Хрватска.

Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите.  Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Северна Македонија, Косово, БиХ и Хрватска.

Причината е јасна – земјите од регионот ова лето бележат многу високи температури, а во некои од нив се регистрирани најголеми горештини досега. Во Грција се измерени 46,3 Целзиусови степени, а во Турција 49,1 Целзиусов степен и токму во овие две земји беснеат најголемите пожари, кои со помош на ветрот брзо се шират.

Многу експерти се согласуваат дека овие пожари се само една од последиците од климатските промени кои брзо ги менуваат условите за живот на нашата планета, вклучувајќи го и Балканот, кој, според климатолозите од регионот, вакви лета како ова кое едвај го преживуваме, но и уште полоши, не чекаат во годините кои доаѓаат.

Крешо Панџиќ, климатолог од Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска, тврди дека јуни и јули оваа година биле статистички значително потопли од повеќегодишниот просек од 1981 до 2010 година, со почести екстремно топли периоди кои влијаат врз здравјето на луѓето.

– Климатските сценарија предвидуваат зголемување на фреквенцијата на топлотни бранови во Југоисточна Европа во наредните години или децении, во зависност од сценариото за емисија на стакленички гасови, истакна Панџиќ, кој предупреди за последиците од високите температури.

Сепак, горештините се само дел од промените, а може да се каже и – помал дел од проблемот, бидејќи високите температури нужно ќе предизвикаат бројни екстремни феномени и временски непогоди кои досега не биле вообичаени на нашите простори.

Едно од нив, тврди Панџиќ, е појавата на „пијавици“, кои со својата сила се повеќе ќе личат на торнадата кои беснеат во Северна Америка.

– Општо земено, во наредните години се предвидува зголемување на фреквенцијата и интензитетот на екстремните временски и климатски појави во сите сезони, како што се зголемување на врнежите, што може да предизвика особено големи поплави, а во исто време би можеле да се очекуваат подолги суши, особено во лето, кога испарувањата поради високата температура на воздухот се поизразени отколку во зима. Се почеста е појавата на разорувачки атмосферски вртлози – пијавици – како на копно така и на море, чија разорна моќ може да се спореди со торнада, чија појава е најизразена на подрачјето на Големите рамнини во САД, каде што има „судири“ на исклучително топлиот и влажен воздух од Мексиканскиот Залив со релативно сувиот и топол, но посвеж воздух, на Големите рамнини, вели Панџиќ.

Предупредувањата за екстремно високите температури станаа вообичаени и во Србија.https://nezavisen.mk/klimata-na-balkanot-kje-bide-ushte-polosha-klimatolozite-imaat-crni-predviduvanja/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close