Климатските промени стрес и болест за земјоделските култури
Климатските промени си го прават своето.
Повеќе од 10 степени е разликата помеѓу дневните и ноќните температури. Тоа е голем стрес за градинарските растенија, а исто така негативно се одразува и во лозарството и овоштарството. „Пламеницата“, „Вирозата “ и „ Јаболчев црв“ се едни од заканувачките болести врз овие култури.
Агрономите велат дека растенијата се соочуваат со сериозен стрес поради температурните амплитуди и дека вегетативниот старт е во услови на помала влага во почвата.
Земјоделските производители треба навреме да реагираат и ја спречат појавата од овие болести, агрономите советуваат, навремена и квалитетна заштита.
Додека пак, дневните температури бараат поголемо количество на вода кај целокупното растително производство. Затоа земјоделците пред наводнувањето да извршат соодветна заштита, како растението би имало услови за живот. Меѓутоа во овоштарството, производителите треба да извршат уште една заштита против болеста „јаболчев црв“ во период од први до десетти август.