fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Кога субвенциите за овците? Средба на сточарите со Стоилев и Трипуновски

Сточарите, одгледувачи на овци веќе не го кријат незадоволството од состојбите во секторот, особено за доцнењето на исплатата на субвенциите за овците и тешкото справување со болеста Син јазик.

Уште нема абер кога ќе бидат исплатени субвенциите за одледувачите на овци? Денеска дел од сточарите (членови на новоформираното здружение „Современ сточар“ чии претседател е Боби Бошевски), кои најавија протести, ако до 5 септември не бидат исплатени субвенции за овците се сретнаа со министерот Цветан Трипуновски,  директорот на Платежната агенција Илија Стоилев и Никола Георѓиев претседател на Сојузот на одгледувачи на овци.

По фотографиите се гледа дека малкумина сточари биле на состанокот.

 

Засега нема инфомација дали задоцнетите субвенции ќе бидат исплатени деновиве или ќе се почека. 

Платежната агнеција објави дека е остраверна средба на надлежните од МЗШВ со здруженијата на одледувачи на овци.

-Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ги слушнаа проблемите со кои се соочуваат сточарите.
На денешната средба во министерството за земјоделство со здруженијата на одгледувачи на овци, беше договорена динамиката за исплата на мерките што го поддржуваат секторот. На средбата, беше истакнато дека и во иднина, сточарите директно ќе бидат вклучени при изготвувањето на програмите и политиките кои директно влијаат врз нивниот сектор, објавија од Платежната агенција.
Зелена берза претходно објави дека сточарите, одгледувачи на овци веќе не го кријат незадоволството од состојбите во секторот, особено за доцнењето на исплатата на субвенциите за овците и тешкото справување со болеста Син јазик. Се жалат дека –„има многу болни работи кај нас сточарите, ние сме последна гранка и никој не не’ ферма.“Огледувачите на овци пред Нова година, зедоа само 600 денари по овца. Значи сега државата за 2024 им должи уште по 1.400 денари од овца на земјоделски стопанства одгледувачи на овци. Поседната објава од МЗШВ е дека во декември лани исплатени се субвенциите за овците – за мерката 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци, при што исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници. Последната бројка значи дека во државата се останати уште 2.000 одгледувачи на овци.

По новата програма за субвенционирање годинава, за грло овца сточарите ќе земат 3.000 денари. За да добијат субвенции мора 30 проценти од јагнињата да ги однесат на колење во регистриран кланичен капацитет.

Сточарите се жалат дека укината е субвенцијата за чување на женско јагне, јагне предадено во кланица, а зголемена е и сметката за пашарина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close