Прочитајте-Кои земјоделци можат да ја искористат владината помош од 14 500 денари за месеците април и мај
Министерот Трајан Димковски денеска одговори на прашањата на „Зелена берза“ кои земјоделци можат да ја искористат владината помош од 14 500 денари за месеците април и мај, поради економско- здравствената криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19.
На прашањето – Каква финансиска помош можат да користат:
–индивидуалните земјоделци регистрирани во Регистарот за индивидуални земјоделци.
–индивидуалните земјоделци регистрирани како Трговци поединци запишани во Трговскиот регистар.
Под кои услови. Колку е бруто, а колку нето износот на помошта?
Димковски одговори-Самите земјоделци имаат по неколку основи по кои што можат да бидат регистрирани.
Помошта можат да ја искористат индивидуални земјоделци, физички лица кои се регистрирани според Законот за трговски друштва, и во самата регистрација им стои трговец поединец (ТП). Тоа значи дека овие земјоделци, кои имаат намален приход повеќе од 30 проценти во првите 4 месеци од годината, ќе можат да аплицираат за месеците април и мај, каде што ќе можат да добијат износ од 14 500 денари.
Поголемите фирми, кои се регистрирани по други закони, односно, како правни лица, евидентирани во Централниот регистар и тие доколку ги покажат загубите, падот од над 30 проценти, ќе можат да аплицираат за април и мај, и тоа според бројот на вработени, во зависност од тоа колку имаат. Зборуваме за бруто износ од 14 500 денари, месечно за еден работник.
На нашето второ прашање –Дали финансиска помош можат да користат и правни лица кои се занимаваат со земјоделство. И дали е идентичен начинот на одобрување како и кај другите правни лица, имајќи го во предвид сезонскиот карактер на работење на земјоделството, како да се процени падот на прометот, кој е услов за користење на помошта?
Димковски одговори:
–Ако зборуваме за истата финансиска помош можат да ја користат и други правни лица коишто ќе ги исполнат одредените услови. Ова е еден од првите сет мерки, економски мерки, сите фирми кои се вклучени во секторот производство на храна може да ги користат овие мерки.
А.Б