fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

Кој е најпродаваниот, а кој најпосакуваниот трактор кај македонските земјоделци!

Пазарот во Македонија денес нуди огромен избор кога станува збор за земјоделска механизација. Така голема е желбата кај секој еден земјоделец да си купи што би се рекло народски „ганц“ нов трактор или модел од поновата генерација, зошто едно е јасно- набавка на нова механизација, значи долготрајна инвестиција за секој земјоделец.

Да се поседува земјоделска механизација, значи да се најде замена за човечката и животинската сила и да се обработува земјата, вака гласи една од најстарите школски дефиниции за земјоделска механизација, што јасно и разбирливо ја опишуваат суштината на овој поим.

Пазарот во Македонија денес нуди огромен избор кога станува збор за земјоделска механизација. Така голема е желбата кај секој еден земјоделец да си купи што би се рекло народски „ганц“ нов трактор или модел од поновата генерација, зошто едно е јасно- набавка на нова механизација, значи долготрајна инвестиција за секој земјоделец.

При изборот на трактор, покрај разгледувањето на видот, целта и нивото на опремата на тракторот, потребно е да се земат предвид и следниве факти: што има тракторот од дополнителна опрема, со која приклучна механизација може да работи, која е цената на чинење по хектар, дали е енергетски ефикасен и штедлив и ред други предиспозиции што секако влијаат врз изборот. Тука секако влијание има и вградената висока технологија и електроника, што нуди висок степен на автоматизација, и што ја прави разликата кај тракторите од ист тип.

Ако разговарате со еден просечен земјоделец ќе ви каже дека за него во 21 век, важно е при производството на храна и употребата на земјоделска механизација да постигне најголеми можни заштеди, највисока можна продуктивност и, се разбира, најголеми можни приноси. Еден наш земјоделец од Пелагонија вели дека развојот на тракторите во последните 25 години се забрза толку многу што работата на стари и нови трактори е еднаква на преминот од работа со волови, од пред стотици години, во работа со трактор со внатрешно согорување.

Зошто секој еден поупатен земјоделец знае дека современите трактори, особено со поголема моќност, обезбедуваат исклучителни перформанси и заштеда на потрошувачка на гориво, со минимални барања за одржување, обезбедувајќи поголема продуктивност за пократок временски период.

Што купува македонскиот земјоделец и кои брендови му се достапни ?

Во нашата земја застапени се повеќе брендови на трактори и тоа: Зетор, Махиндра, Џон Дир, Тафе, Солис, Ловол, Ландини, Саме … исто, земјоделците можат да увезат трактор од соседните земји, но нашата проверка покажа дека цените кај соседите се или исти или повисоки, па најдобро е, кога се работи за нов трактор да се ‘ценкате’ овде, на наш терен.

 

John Деере – неприкосновен господар на македонските полиња

Кога зборуваме за трактор „над тракторите“ тогаш зборуваме за брендот John Деере, едногласни се нашите земјоделци. Овој бренд во Македонија единствено може да се набави во реномираната компанија за земјоделска механизација „Синпекс“ ДОО Битола. Компанија која ги застапува едни од најголемите светски брендови во областа на земјоделието, градежништвото, шумарството и опрема за домаќинство, и која секогаш се стреми за зголемување на продажбата на своите брендови и нивна промоција на македонскиот пазар.

-Така беше и изминатата година со најпознатиот и најквалитетен бренд  во светот кај тракторите, John Деере. Од само 5 отсто покриеност на пазарот во нашата држава до 2019 година успеавме да стигнеме до 33 отсто покриеност од годинешната продажба на трактори на македонскиот пазар. Генерално, John Деере кај нашите земјоделци значеше како голем и робустен трактор и затоа пазарот во нашата земја беше исклучиво на трактори над 60 КС. Со детална анализа во последните десет години и постојано вложување во развој на нови трактори, успеавме на нашиот пазар да донесеме модели кои се компатибилни за нашите земјоделци и да ги пласираме на пазарот тракторите од 5D серијата. Овие трактори се во рангот на мали, но силни трактори со моќност од 45 до 50 КС. Димензиите на тракторот се погодни за работа во сите земјоделски гранки: градинарство, лозарство, овоштарство. Во нашата палета ги нудиме во две варијанти и тоа: со погон на две тркала 2WD и со погон на сите четири тркала 4WD. Тие може да бидат и со кабина и без кабина. Карактеристично е тоа што доаѓаат со трицилиндричен мотор кој е доста економичен со многу мала потрошувачка на гориво, изјави Стевче Гроздановски, регионален менаџер за продажба во „Синпекс“ Битола.

Анализите на „Синпкес“ говорат дека до пред две години бројот на продадени трактори од брендот John Деере во рангот до 50 КС изнесувал најмногу до 50 продадени парчиња, за до крајот на оваа година таа бројка да достигне до 150 продадени трактори, само во 2020 година.

-Тоа значи дека нашите полиња полека позеленуваат со бојата на John Деере. Факт што радува е тоа што конечно нашите земјоделци јасно го препознаваат квалитетот и почнуваат да купуваат квалитетни брендови. Ова ни наговестува дека земјоделците ги следат европските трендови за инвестирање во квалитетни трактори и квалитетна приклучна механизација, изјави Гроздановски.

Според него изненадува тоа што моделот до 50 КС е доста продаван и кај нашите најголеми производители на храна во нашата земја во земјоделски комбинати и винарници кои располагаат со над 50 хектари обработлива површина, што  дава потврда за неговата издржливост и моќ.

-Секако, зад овој успех стои многу успешен и искусен тим на продажба и сервис кој постојано се усовршува и вложува во нови технологии и се труди секогаш и најбрзо тоа да им го пласира на нашите земјоделци. „Синпекс“-Битола отсекогаш постоел за нашите земјоделци, а така ќе продолжи и во иднина. Во наредната година ќе понудиме и нови поусовршени модели кои ќе бидат уште подостапни за нашите земјоделци, категоричен е Гроздановски.

Tafe – брендот што доминира на македонскиот пазар

Брендот на трактори што доминира на македонскиот пазар, сепак носи четири букви Tafe, ова е тракторот за кој земјоделците велат дека не ги остава на „цедило“.

Во Македонија Tafe тракторите, а особено моделот Tafe 42 DI учествува со 45% од вкупната бројка на продадени трактори од сите производители на трактори кои се застапени кај нас, а ги има околу десетина.
За 2020 година, според калкулации кои се уште не се комплетирани, вкупно се продадени од 670-700 трактори, од оваа бројка  околу 320 трактори отпаѓаат на брендот Tafe, односно дилерот на Tafe во Македонија, „Синпекс“-Битола.

Последните десетина година продажбата на Tafe се движи во нагорна линија и зазема се поголема дел од пазарот за сметка на останатите брендови што се должи на неколку клучни фактори.

Едноставност, Препознатливост, Емпатија

-Оваа битна карактеристика ќе ја објаснам со поврзаноста на нашата држава со поранешниот сојуз во кој припаѓавме – Југославија. Во годините пред осамостојувањето, а и деценија и пол потоа, најпродаван трактор во Македонија, застапуван од „Синпекс“, беше популарниот ИМТ со моделите, ИМТ 533, ИМТ 539. Огромна е сличноста помеѓу овие трактори и тракторот Tafe 42 ДИ. Тракторот Tafe помеѓу земјоделците е познат како тракторот што не се расипува. Има долг век на експлоатација, ниска потрошувачка на гориво, брзо и ефикасно извршување на сложени земјоделски операции, лесен и едноставен за работа. Неретко ќе слушнеме коментари од наши задоволни купувачи кои ќе кажат, „Тафето никогаш не ме остава на цедило“, вели Бојан Геровски, продажен референт и амбасадор за брендот Tafe во „Синпекс“-Битола.

Сервис, Достапност до резервни делови, Гаранција

Според Геровски постпродажбата е многу битен елемент кој оди во корелација со големата продажба на брендот Tafe. Прифатливите цени на резервните делови како и навремена услуга од страна на добавувачот „Синпекс“ придонесуваат за растот на продажбата и зголемениот пазарен удел. За квалитетот доволно говори и фактот што гаранцијата за тракторот Tafe во Македонија е 3 години.

Мерки за поддршка од државата, Кредитни решенија

Големата продажба на тракторите Tafe меѓу другото се должи и на субвенционираните мерки од страна на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство потпомогнато во голема мера од ИПАРД фондовите.

Изминатите години, особено од 2011 година па наваму, голем број на трактори беа набавени преку ИПАРД 2 мерката, преку мерките за Млади земјоделци како и Националните Програми за рурален развој.
-Благодарение на истражувачкиот тим на „Синпекс“-Битола, во 2019 и 2020 година голем број на Tafe трактори се продадени на кредит преку банка (Прокредит и НЛБ банка) со олеснет начин на плаќање и до 60 месеци и ниски каматни стапка во споредба со годините пред тоа. Исто така, многу битен податок кој треба да се истакне е тоа што и ние како и целиот свет се уште чувствуваме последните од Светската економска криза  од 2008 година. Во тој период голем број на фабрики во оваа и сличните индустрии пропаднаа и затворија производни капацитети во голем број на држави. Tafe  гордо стои на врвот, ги зголемува своите капацитети, вработува нови луѓе и постојано го зголемува својот удел на светскиот пазар, наведува Геровски воедно потенцирајќи дека за се ова да се оствари и да биде вака успешно, огромни заслуги има компанијата „Синпекс“- Битола на чело со менаџментот во склоп со продажниот тим, логистиката, маркетингот, сервисот како и сите вработени кои ги извршуваат своите работни задачи, за целокупната слика да изгледа совршено.

-Најголема благодарност сакам да изразам до нашите верни земјоделци на нивната верност и лојалност. Ние и понатаму ќе останеме да постоиме и работиме за нив, порачува Геровски.

Компанијата за производство на трактори Tafe (Tractors and Farm Equipment Limited) е основана во 1960 во Ченаи, Индија. Компанија е трета најголема компанија во светски рамки по годишно производство и продажба на трактори. Учествува со 25% во Market share-от или удел на пазарот на годишно ниво.

Филозофијата на сето оваа е дека не целат кон извонредност и совршеност по секоја цена туку работат со желба  да се постигне најдоброто што доаѓа од рамките на секој од нас, што ги дефинира нашите животи на работа и дома и се бранува во светот околу нас.

Нивниот однос кој корисникот на Tafe тракторот е запишан во оваа реченица: „Можеби не можеме да ја избришеме потта од челото на нашиот клиент, но секако можеме да ставиме насмевка на неговото лице”.

 

Подготвил тимот на „Зелена берза“

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close