fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кој го оштети Буџетот за 19 милиони евра-Криминал за само една година

Најголем дел од делата се за даночно затајување, па следуваат фалсификување и уништување деловни книги и злоупотреба на службена положба и овластување.

Минатата година беше една од најспецифичните во поновата историја, а пандемиската криза се одрази на сите аспекти од живеењето. Додека граѓаните се бореа со здравствениот предизвик, Македонија како и речиси сите земји се соочи со економска криза. Сепак тоа не значеше и крај за затајувањето данок, за „силувањето“ на буџетот со перење пари, злосторничко здружување. Тоа се гледа во извештајот на Управата за финансиска полиција за лани, чија статистика покажува дека во 2020 година од сите пријави за кривични дела кои се поднесени, нанесена е штета на буџетот од вкупно 19 милиони евра. Секако дел од овие кривични пријави се за дела кои се сторени и во годините пред 2020.

Од овие 19 милиони евра кои се матерјална штета од сите пријави кои биле изготвени, 4,2 милиони евра се од даночно затајување, а најмногу или 10,6 милиони евра се од дела со кои осомничените ја злоупотребиле својата положба и овластувањата. По основ на други кривични дела направена е материјална штета во износ од 4,3 милиони евра.

Во текот на 2020 година Управата за финансиска полиција до наделжни обвинителства поднела вкупно 71 пријава, што е слично со 2019 година кога биле поднесени 79 пријави. Поднесени се кривични пријави за 137 физички лица и против 51 правен субјект.

Најголем дел од делата се за даночно затајување, па следуваат фалсификување и уништување деловни книги и злоупотреба на службена положба и овластување.

Иако се процесуирани, за овие дела конечните разврски сепак се носат во судските постапкиhttps://faktor.mk/koj-go-oshteti-budzetot-za-190-milioni-evra-kriminal-za-sa-samo-edna-godina

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close