fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кој ќе биде идниот водач на тутунарите! Се крчка новиот сојуз на тутунопроизводители

Писмо од загрижени тутунари до редакцијата на Зелена берза

Тутунари упатија реакција до редакцијата на Зелена берза во врска со изборот на новиот состав на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост

„Перидов според добро упатени извори се крчка новиот Сојуз на тутунопроизводители кој ќе има задача во новата реколта да ги штити правата на тутунарите пред откупните компании и пред институциите на државата. Но, кој ќе биде новиот водач, или кој ќе седне на столчето на досегашниот  Менде Стомнароски? Според некои гласини, претседател повторно ќе биде прилепчанец! А ако е од Прилеп или е Блаже, или е Менде, или е Кире… !

Но, името не е толку важно, колку што е важно кој го бира? Дали тутунарите овој пат самостојно ќе ја бираат оваа личност или пак ‘виши сили’ ќе смешаат прсти  по веќе гледан филм. Всушност прашањето е дали тутунарите ќе имаат вистински бранител на нивните права или ‘кукла на конци’  која ќе мора да игра на начин на кој што сме биле сведоци во минатото, а за чие (не)работење токму тутунарите имаа и имаат се уште огромни забелешки. Меѓутоа, ако има ревизија на работењето и јавноста и тутунарите ќе дознаат и ќе бидат начисто во резултатите од ‘владеењето’ на сите челници на Сојузот наназад. 

Условите и процедурата за добивање на овластување за највисока асоцијација се јасни и прецизно утврдени. Но, оваа процедура години наназад е  заобиколувана и злоупотребувана, па се поттикнуваа од позиција и моќ да доделуваат овластување на малтене ‘нелегитимен’ сојуз кој немаше поддршка кај тутунарите.

Дали ова прекршување на процедурата ќе го примени и новиот министер и овластувањето повторно ќе заврши кај несоодветни личности, останува да видиме.  Но, ќе биде големо промашување ако единствена цел на новиот тим на Сојузот ќе им биде да го амортизираат и релативизираат незадоволството кај тутунарите од ниските откупни цени по класите кои останаа исти со оние од минатата реколта. Филмот само што почнува, за  кратко ќе дознаеме.“ 

Загрижени тутунари, кои сакаат да останат анонимни.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close