fbpx
ВестиМакедонија

Koj зема највисоки плати во Македонија?

Од производните сектори највисоки просеци на плати се исплатени во рударството и вадење камен  каде просекот изнесува 39.655 денари. 

Компјутерските програмери во декември минатата година заработиле во просек по 76.223 денари. Највисoки плати земале вработените во информатичката дејност и комуникациите каде што просекот на нето исплатена плата е 56.998 денари. Во  телекомуникациската дејност, пак, просекот е  50.034 денари. Зад нив се вработените во фармацевтските компании со просек од 47.940 денари и  финансиските дејности и осигурувањето каде што просекот е 46.795 денари. Во енергетскиот сектор просекот е 40.530 денари. Високи плати се исплатени и во дејности на организации врз база на зачленување каде што просекот е  40.840 денари.  Од производните сектори највисоки просеци на плати се исплатени во рударството и вадење камен  каде просекот изнесува 39.655 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  декември 2020 година во однос на декември 2019 година е зголемена за 5,4 отсто и изнесува 28.294 денари.

https://faktor.mk/koj-zema-najvisoki-plati-vo-makedonija-1

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close