fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Која фирма лани продаде леб за 12 милиони евра!

Лани во споредба со 2020 година продажбата на леб е намалена за 1,13 милиони евра, пренесува Фактор.

„Жито Лукс“ е најголемиот скопски, а воедно и македонски, производител на леб. Според официјалните податоци од продажбата на основниот прехранбен продукт лани инкасирале речиси 12 милиони евра! „Жито Лукс“ е доминантен производител и продавач на разни видови леб на домашниот пазар. Лани само од продажба на леб инкасирале 11,9 милиони евра и со тоа оваа голема компанија останува доминантен продавач на леб на домашниот пазар. И покрај тоа што лани во споредба со 2020 година продажбата на леб е намалена за 1,13 милиони евра, пренесува Фактор.

Според официјалните достапни податоци од годишниот извештај на „Жито Лукс“ достапни на следниот линк https://www.seinet.com.mk/?docID=59231 продажбата на „Жито Лукс“ лани изнесува 16,6 милиони евра. Во неа продажбата на брашно учествува со речиси 3 милиони евра. Продажбата на останати прехранбени продукти (пецива) учествува со помалку од 2 милиони евра.

https://faktor.mk/koj-e-najgolem-makedonski-proizvoditel-lani-prodade-leb-za-12-milioni-evra

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close