fbpx
ВестиТоп вести

Помал род на тутунот

Тутунарите годинава ги зголемија површините со тутун, а бројот на склучените договори беше малку поголем од лани. Но, и тутунот го следеа неприликите со времето. Имаше штети од измрзнување на расадот, од високите температури и од град. Првичната проценка беше дека родот треба да се движи приближно како и минатата реколта кога беа собрани скоро 25.000 тони.

Од априлските ниски темератури настрада дел од расадот, од жешкиото јулско сонце тутунот почна предвреме да цвета, а во септември градот во прилепско ја доврши работата.

Тутунарите на почетокот од годинава се надеваа на добар род, но по сите претрпени штети веќе не се толку оптимисти дека ќе може да соберат 25.000 тони тутун како лани.

На почетокот од сезоната со монополите потпишани беа за 250 договори повеќе од претходната реколта, а компаниите бараа уште поголеми количества.

Дали повторно ќе има трка кој ќе купи повеќе по стартот на откупот кој официјално почнува најдоцна до 15-ти декември и колкава ќе биде просечната цена за килограм е сеуште неизвесно. Лани, таа беше за 14 денари повисока од претходната односно 196 денари за измерен килограм.

Од откупните претпријатија веќе има најава дека за претстојниот откуп парите се обезбедени.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close