fbpx
ВестиСовети

Колкав е животниот век на овошките?

Колку ќе живее одреден вид на овошје, зависи од вашето однесување кон него. Неколку важни совети, за одредени видови овошки можат значително да ви помогнат во вашата инвестиција кон продолжувањето на нивниот животен век.

Овошките, за разлика од зеленчукот, во својот овоштарник или двор, можете да ги посадите еднаш, а плодовите да ги собирате долго низ годините. Но, различно овошје има и различен век на траење. На пример, животниот век на јагодите е три до четири години, додека пак виновата лоза би можела да живее 1000 години. Она што е најважно е дека растенијата исто како и луѓето, живеат подолго доколку се здрави.

Јаболка 10 – 100 години

Бактериозната пламеница (Erwinia amylovora) е таа што најчесто го скратува животниот век на јаболкото. Секогаш дезинфицирајте го алатот за режење на јаболковите гранки, со цел да го избегнете овој патоген штетник.

Кајсија 10 – 30 години

Многу се осетливи на патогените габи кога се одгледуваат на слабо дренирана почва. Доколку ги садите на тешко, глинено земјиште, подобрете ја дренажата.

Јапонско јаболко 30 – 50 години

Овие стебла се осетливи на правилната рамнотежа на хранливите материи во почвата. Азотните ѓубрива треба да се одржуваат на минимум. Во земјиштата со висок pH, јапонските јаболка немаат доволно железо, што резултира со хлороза.

Капини 5 – 10 години

Капинковите грмушки растат брзо и ако не се режат секоја година, се спречува добриот проток на воздух, што е одличен услов за патогените габи, на кои капините се многу осетливи.

Боровинка 30 – 50 години

Боровинките растат во ладна, влажна и кисела земја со многу хранливи материи. За да им се обезбеди што е можно подолг живот, потребно е да се изврши мешање на еднакви делови од тресет и компост и да се одржува што е можно подебел слој на малч околу грмушката во секој период во текот на годините.

Црежа 10 – 25 години

Стеблата на црешите, исто како и на кајсиите се многу осетливи на патогени габи, кога се одгледуваат на слабо дренирано место. Доколку се садат на тешки глинени земјишта, потребно е да се подобри дренажата.

Цитруси 40 – 80 години

Во умерени климатски услови, најголем непријател на цитрусите им е студот. За оптимален раст, потребна им е температура од 15°C до 30°C. Во есен и преку зима, заштитете ги со завиткување или посадете ги во длабоки контејнери, кои ќе можете да ги внесете во затворен простор.

Рибизла 10 – 20 години

Природно живеалиште на рибизлите се северните шуми, што значи дека им пречи топло и суво подрачје. Кога е во прашање нашата територија, рибизлите се садат под сенка.

Смоква 30 – 50 години

Смоквата, најдолго ќе живее, доколку нејзиниот корен има можност да се исуши за време на врнежите. Во случај да се работи за влажно земјиште, или земјиште со лоша дренажа, пред садењето, почвата измешајте ја со песок.

Киви 50 – 70 години

Кивите не поднесуваат ладни зими, ниту пак висока влажност. Во зима заштитете ги од ветер. Во случај на лоши услови, нема долго да преживеат,

Цариградско грозје 10 – 20 години

Се работи за грмушка од северните шуми, па со неа постапувајте, како и со грмушката на рибизлата. Сместете го под сенка.

Винова лоза 50 – 100 години

Виновата лоза, најдобро успева на високо дренирана почва. Како и кај смоквата, ако е потребно, со земјата во која ќе ја посадите, измешајте песок.

Црница 40 – 60 години

Се работи за овошки кои ретко кога нема да успеат да напредуваат, а претставуваат и омилена мета на елените. Во случај да живеете на место каде има многу елени, заштитете ги, се додека не бидат високи барем три метри.

Нектарина 10 – 25 години

Како и кај кајсијата и црешата, стеблата на нектарината се осетливи на патогени габи, во случај да се одгледуваат на слабо дренирана почва.

Маслинка 100 + години

Маслинката сака земјиште со добра дренажа, а со неа треба да постапувате како со смоквата и виновата лоза.

Праска 10 – 25 години

Со праската постапувајте исто како со кајсијата, нектарината и црешата.

Круша 10 – 100 години

Како и јаболкото и крушата е најосетлива на бактериската пламеница. Секогаш дезинфицирајте го алатот при режењето.

Слива 10 – 25 години

Сливата сака добро дренирана почва, а осетлива е на патогените габи, кога се одгледува на слабо дренирана почва.

Калинка 20 – 30 години

Со стеблото на калинката постапувајте исто како со смоквата, виновата лоза и маслинката.

Дуња 10 – 100 години

Како и кај јаболката и крушите, најосетлива е на бактериската пламеница.

Малина 5-10 години

Како и капините, има потреба од редовно зарежување, како би се спречило загушување на грмушката и движење на воздухот – што претставува природен лек за патогените габи.

Јагоди 3-4 години

Јагодата како покривка на земјиштето, брзо се шири и така сама на себе, си го спречува протокот на воздухот. Редовно отстранувајте ги старите лисја и овозможете и добар проток на воздух.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close