вести

Вонредно Агро Метео од УХМР

Снежна покривка до изутрина (во см.): 1 Маврово

Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Кр. Паланка, Тетово, 2 Лазарополе, Охрид, 3 Крушево, 5 Берово, 6 Пожаране, 11 Струмица.

Времето денес (30.12 2017 год.): Променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој попладне повремено ќе се засилува, особено вдолж Повардарието и источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје температура 7 степени.

Утре во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец. За време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво. До понеделник утрата ќе бидат студени а дневните температури во благ пораст, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close