fbpx
ВестиТоп вести

Колку пари има во бизнисот со цигари?

 

Бизнисот со цигари и тутун и покрај многубројните строги ограничувања и останува економска дејност од која може да се егзистира пристојно.  Најголемата тутунска компанија во седиште во Македонија е „Империјал тобако ТКС Скопје“. Неговиот оперативен профит лани е 10 отсто од приходите од продажба

„Империјал тобако ТКС Скопје“ лани оствари приходи од продажба во износ од 33,6 милиони евра и добивка по оданочување во износ од 3,3 милиони евра, покажуваат официјалните податоци јавно достапни во извештајот на независната ревизија на најуспешната тутунска компанија во земјава , поранеше Тутунски комбинат Скопје кој е дел од меѓународната корпорација „Империјал тобако“.

Податоците покажуваат дека приходите од продажба лани во однос на 2017 година се пониски за 7,7 милиони евра односно за 19 отсто. Најголема расходна ставка во билансот лани биле материјалните трошоци на кои отпаднале 21,3 милиони евра. На трошоци за вработените лани биле издвоени 3,8 милиони евра, а вкупните трошоци од работењето изнесуваат 30 милиони евра и се за 6,1 милиони евра пониски од 2017 година.

Нето добивката на оваа компанија е 2,75 милиони евра и во споредба со 2017 година е пониска за 1,5 милиони евра.

Оваа компанија е во доминантна сопственост на словенечката тутунска компанија „Тобачна Љубљана“ која контролира 99 отсто од акциите со право на глас. Словенечката компанија е дел од групата „Империјал тобако Груп“ со седиште во Бристол, Велика Британија.

извор: фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close