fbpx
ВестиМакедонија

Компанијата од која беше украден канабис во Алдинци е на пат да ја загуби лиценцата

До сега во Македонија е ожнеан 21.596 тони канабис за медицински цели.

Компанијата „5 Летерс“ од крушевски Алдинци од која пред крајот на минатата година беа украдени 60 килограми канабис, а потоа истите беа пронајдени од полицијата, се соочува со одземање на лиценцата за работа од страна на меѓуресорската владина комисија, објави „360 Степени“.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава до надлежното прилепско ОЈО против управителот и правното лице откако за краток период потоа по пријавувањето на кражбата бил направен вонреден инспекциски надзор, при што било констатирано дека во правниот субјект биле засадени растенија канабис во различна вегетативна фаза за кои не е затекната документација за евиденција. Полицијата тогаш одзеде 247 вреќи со канабис, а сега меѓуресорската комисија препорачала одземање на лиценцата. Инаку до сега во Македонија е ожнеан 21.596 тони канабис за медицински цели.https://faktor.mk/kompanijata-od-koja-beshe-ukraden-kanabis-vo-aldinci-e-na-pat-da-ja-zagubi-licencata

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close