Компировадачките на словенечкиот Технос најбарани на пазарот

 

 

Словенечкиот бренд   Технос  согласно потребите на земјоделците ги нуди последните достигнувања во земјоделската механизација. Во пресрет на сезоната на компирите зголемен е интересот кај земјоделците за набавување на машина за откопување на компири.

Машините на Технос се едни од најквалитетните машини кои многу се барани не само на европскиот пазар туку и пошироко. Квалитетот е препознаен и од  земјоделците во Македонија. Современото  земјоделско производство не може да се замисли без ваква машина. Олеснителна околност за македонските земјоделци е тоа што  компировадачките на Технос, може да ги набават преку ИПАРД програмата.

Синпекс Битола  е реномираната компанија за земјоделска механизација  која е овластен застапник на брендот Технос во Македонија.

 

Оттаму  велат дека компировадачките  се многу барани сеедно за кој модел станува збор.

„Неколку сезони наназад позајмував од моите соселани компировадачка. Кога видов колку се олеснува работата со ваква машина одлучив да купам и јас, вели  за „Зелена берзa“, Стефче Ликовски од Бела Црква Прилепско. Машината ги откопува компирите и останува само да се соберат. При тоа, компирите се чисти,  без земја и растителниот дел што е над земјата  е одделен од плодот. Оваа година компирот го имам засадено на површина од 5 да, но откако ја купив , за в година планирам да ја зголемам површината под компир на 15 да“, додава тој.

Компировадачката ја има во повеќе варијанти. Едноредната машина  е погодна  за откопување на компири, кромид идруги култури на земјиште со наклон до 12%. Се карактеризира со следните перформанси:

 

-Продуктивност (ha / h) 0.25

-Работна брзина (km / h) 3

-Брзина (мин)  540

-Димензија на машината (см) 150х170х110

-Моќ на тракторот (kW)  22-40

-Моќ на тѕракторот  (KM)30 -55

-Тежина на машината (kg)234

 

Машината  има повеќе предности. Двата  дискови ги отсекуваат  компирите од растителниот дел над земјата, а потоа се насочуваат кон решетката на машината каде со помош на тресење  почвата се копа и се тресе, а истовремено компирот се става настрана в долж на машината. Овој начин на одлагање не ги оштетува клубените и може веднаш да се складираат во вреќи и сл.

Постои и дворедна компировадачка која се препорачува за помали површини. Покрај за компири машината може да се користи и за други култури.

 

Павлина Јовановска

Зелена  Берза

 

Share Button