fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Претпладне променливо облачно, попладне повремен локален дожд

Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните температури ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладне и попладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал 14 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне 18 степени.Во следните денови утрата ќе бидат студени со ниски утрински температури, а до петок дневните температури ќе бидат под просекот за овој период од годината и ќе преовладува променливо облачно време. Во деновите од викендот времето ќе биде претежно сончево со постепен пораст на дневната температура.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close