fbpx
Вести

Концесионерот на поранешен ЗИК „Славеј“ реализира инвестиција од три милиони евра

Концесионерот на поранешниот ЗИК Славеј, тетовската фирма „Везешари“, почна со реализација на четиригодишна инвестиција во вредност од три милиони евра. 

 

koncesierot na poraneshen zik slavej realizira investicija od tri milioni evra

-Со пченка засадивме 560 хектари што ги добивме од државата под концесија на 15 години, а тука ќе се градат и сушарница со силоси за пченка и пченица, фарма за товење бикови, фарма за крави и телиња со капацитет за колење од 1000 грла годишно. Ќе градиме и кланица и на крајот мала централа за биогас. Сета оваа инвестиција ќе биде готова за четири години и со тоа ќе вработиме 70 луѓе. Многу ќе ни значи капацитетот зашто месото што ќе се добива тука е за фабриката во Полог за сувомесни производи. Ќе откупуваме пченка и пченица од земјоделците, изјави сопственикот Арбен Абдурамани.

Според заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски ова многу значи за регионот и за ставање на функција на некогашните капацитети на ЗИК „Славеј“.

-Не само што ќе се развива регионот, ќе се отворат нови работни места, индивудуалните земјоделци ќе може да учат за нови агромерки и одгледување пченка за да ги зголемат сопствените приноси, изјави Костадиновски.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Владата уште лани во повеќе региони во земјава со поволни можности даде големи површини за стопански субјекти под концесија.

-Концесионерството на големите фирми дава можност да се развиваат агроиндустриски капацитети што е најбитно да се отвораат нови работни места, а по тие стапки и регионот на Кривогаштани, рече Груевски.

За градоначалникот на Кривогаштани, Тони Затковски општината отвора големи можности и дава поволности за привлекување инвеститори.

-Поволни можности даваме и ја развиваме индустриската зона во Кривогаштани и покрај оваа голема инвестиција општината веќе е во план да донесе уште неколку инвеститори, рече Затковски.

Груевски и градоначалникот на Кривогштани по средбата со граѓани во центарот на Кривогаштани го посетија сточниот пазар кој е нов и со пари од околу 15 милиони денраи од Агенцијата за рурален развој го изгради за трговија со добиток познат во Македонија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close