Вести
Конференција за рамномерен регионален развој
„Конференција за рамномерен регионален развој“ ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот „Алијанса за регионален развој“.
На конференцијата ќе се обратат заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и претставникот на Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.
Конференцијата е организирана во рамките на проектот финансиран од Европската унија. /МИА