fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

„Пекабеско“ лани ги намали цените за 8 отсто, поради субвенционирањето на струјата

Месните производи од декември лани се намалени за 8 отсто

Прмиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ја посетија фабриката за производство на месни производи „Пекабеско“.
Претседателот на Владата, Ковачевски истакна дека вакви успешни компании ѝ требаат на нашата економија, а Владата се грижи во време на голема непредвидливост наметната од економската и енергетската криза, преку антикризните мерки на компаниите да им обезбеди да ги зачуваат своите бизниси, но најважно од сé да ги зачуваат и вработените.

 

 

Фабриката „Пекабеско“ е пример за резултатот што го даваат владините мерки, компанијата користи субвенционирано снабдување на струја и поради тоа месните производи од декември лани се намалени за 8 отсто. Преку владина поддршка компанијата има инсталирано и соларни панели, со што задоволува дел од потребите за струја за нивните производствени капацитети.

„Кога работев во приватниот сектор секогаш се залагав во работењето да се применуваат нови технологии, континуирано да се едуцираат вработените, бидејќи единствено на тој начин компаниите може да го подобрат сопствениот деловен систем. Во обиколка на погоните за производство во „Пекабеско“ се уверив дека оваа компанија исполнува строги стандарди и гарантира висок квалитет на потрошувачите и сето тоа го постигнале токму со инвестирање како во нови технологии, меѓутоа и во инвестирање во кадар. Со создавање новини во производството се создава и раст на компанијата, а тоа најдобро го чувствуваат вработените. Во „Пекабеско“ работат 440 работници и овде просечната плата е 36.000 денари, што е показател дека оваа компанија се залага за квалитетен живот на своите вработени“, рече Ковачевски.

Смета дека ваквите успешни компании ѝ требаат на нашата економија. „Пекабеско“ е дел од таа енергетска трансформација.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close