fbpx
ВестиТоп вести

Kонсултативна работилница за развој на “зелен” и конкурентен бројлерски подсектор

Во вторник, 19 март, 2019 година, со почеток во 10:30 часот, во хотелот Гарденија во Велес ќе се одржи дводневна работилница чијашто цел е поставување на рамката за петгодишна, акциски ориентирана, Стратегија за развој на македонскиот подсектор за бројлери, во консултација со сите клучни чинители во секторот живинарство.

 

Работилницата ја организираат ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на тековниот проект на ФАО чијашто цел е да се направи подсекторот на бројлерско производство конкурентен, инклузивен и еколошки.

 

На настанот ќе присуствуваат домашни и меѓународни експерти на ФАО, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Агенцијата за храна и ветеринаство, Платежната Агенција, производители на бројлери, преработувачи, трговци на мало и големо, како и претставници на меѓународната донаторска заедница, академијата и финансискиот сектор.

 

Поздравни говори на настанот ќе имаат:

  • Г-дин Нефрус Челику, Државен секретар при Министерствотозаземјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ);
  • Г-дин Кирил Ристовски, НационаленКоординаторнапроектот, МЗШВ
  • Г-ѓаШибонКели, експерт на ФАО засистемизахрана и тимлидернапроектот.

 Новинари и фотографи се поканети да го проследат настанот.

На следниот линк ќе можите да ја проследите агендата за настанот.

file:///C:/Users/%D0%92%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0/Downloads/%D0%90%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D0%A0%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE.pdf

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close