вести

Контрола на живината во земјава за да се утврди дали има птичји грип

Агенцијата за храна од минатиот месец започнала мониторинг на цела територија на земјава за птичји грип. Надзорот се спроведува за да се утврди дали постои присуство на вирусот на авијарна инфлуенција во земјава. Со надзорот ќе биде опфатена живина што се одгледува за комерцијално производство, како кокошки несилки, бројлери и потполошки, живина која се одгледува во некомерцијално производство во дворовите и селските стопанства, водните птици кои се одгледуваат во дворови и селски стопанства и диви птици кои се присутни или мигрираат низ наша територија. Надзорот се спроведува во соработка со ветеринарните друштва, ловните друштва и официјалните ветеринари што се задолжени за вадење крв од живината и земање брисеви од водните птици.

kontrola na zhivinata vo zemjava za da se utvrdi dali ima ptichji grip

 

Дивите птици не заболуваат

Во Агенцијата велат дека мониторингот е почнат од први минатиот месец. Одгледувачите, ветеринарните друштва и ловните друштва се должни да пријават до Агенцијата за храна и ветеринарство и официјалните ветеринари зголемена смртност или појава на клинички знаци на болеста кај живината или дивите водни птици.

Од живината, најчесто заболуваат кокошките и мисирките, додека кај патките и гуските се развиваат само благи симптоми на болеста, Дивите птици, особено дивите патки може природно да бидат отпорни на болеста и да не покажуваат клинички знаци на болеста. Птиците кои не покажуваат знаци на болеста може се уште да го носат вирусот и претставуваат опасност од ширење на вирусот кај живината. Од птичји грип може да заболат и луѓето доколку вирусот е високопатоген велат во Агенцијата. Според нив, болеста се шири исклучително брзо во јатото, за многу кратко време заболуваат речиси сите единки и голем дел од птиците во јатото изумираат за неколку дена.

farma-kokoski-610x320

Ширењето на болеста во јата што се чуваат во кафез е побавно поради ограничениот контакт помеѓу птиците. Инкубацијата на болеста е 3 до 5 дена. Знаци на болеста се тишина во јатото, недостаток на апетит и екстремна депресија, драстичен пад во производството на јајца, несење меки јајца или јајца без лушпа, оток на кикиришка и подбрадници кај живината, оток на кожата под очите, кашлање, кивање и нервни симптоми.

Стапката на смртност може да биде и 100 отсто во рок од 48 часа.

pticji

Епидемија во Европа

Птичји грип се појавува во целиот свет и различни видови на вирусот се присутни во различни области. Во текот на изминатите години неколку азиски земји објавија епидемии, а во некои болеста се смета секогаш за присутна. Во Европа, жаришта на ниско патогена авијарна инфлуенција беа пријавени во текот на ноември 2014 година во Германија, Холандија и во Велика Британија.

Освен тоа што е високо заразна меѓу живината, вирусите на авијарна инфлуенција лесно се пренесуваат од одгледувалиште до одгледувалиште преку движење на домашните живи птици, луѓето може да ја пренесат болеста преку контаминирани чевли и облека, контаминирани возила, опрема, храна и кафези.

Вирусот на птичји грип се уништува на нормална температура на готвење. He постои ризик од зараза со авијарна инфлуенција од соодветно зготвено месо од живина или јајца.

Ако болеста се потврди на одгледувалиштето, мерка која задолжително се применува на тоа одгледувалиште е убивање на живината птиците заради искоренување на болеста.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close