Корнишоните, фефероните и ајварката спас за земјоделството
Преработувачката индустрија и во време на корона го зголеми производството и бројот на вработени.
Преработувачката индустрија и во време на корона го зголеми производството и бројот на вработени. Преработувачите сметаат дека имаме добри услови за развој на оваа индустрија, но оти има недостиг на суровини и на работна сила. Поради раст на оваа индустрија последниве години зголемено е производството на индустриската пиперка, фефероните и корнишоните кои по добри цени се откупуваат од преработувачката индустрија. Оваа индустрија е спас за земјоделското производство и за земјоделците
Преработувачката индустрија покажа дека може да опстане и во време на криза, го зголеми и производството и бројот на вработени. Овие податоци, според сопствениците на преработувачките капацитети, се добар показател дека оваа индустрија и во време на криза има потенцијал за зголемување на вредноста, извоз и за раздвижување на економијата. Преработувачката индустрија има континуиран развој од 2013 година, а најголем раст има производството на ајварот. Земјоделците пак велат дека последниве години е зголемено производството на индустриската пиперка, фефероните и корнишоните кои имаат добра цена и се откупуваат од преработувачката индустрија. Оваа индустрија е спас за земјоделското производство и за земјоделците.
Преработувачите сметаат дека имаме добри услови за развој на оваа индустрија, плодна почва, многу сончеви денови кој треба да се искористат. Но сепак велат дека има и проблеми, недостиг на суровини, на работна сила… Се намалува земјоделското производство, а со тоа и количествата потребно суровини за преработувачката индустрија.
Поради зголемените трошоци за производство и ниските откупни цени, земјоделците го намалуваат производство на некој видови земјоделски производи за сметка на други. Така последниве години во Струмичко се намали производството на домати, бидејќи не се исплатливи за одгледување, а имаат многу работа. Од друга страна, оранжериското производство на доматите е многу скапо, а оние што се садат под пластеници и на отворено доцна стасуваат, па додека да стигнат на пазар нивната цената е многу ниска.
– Годинава производството на сите земјоделски култури е намалено, а домати има многу малку по нивите. Најмногу се сади зелка, бидејќи не бара многу работа и може да издржи ниски температури. Последниве години зголемено е и производството на индустриската пиперка, феферони и корнишоните кој имаат добра цена и се откупуваат од преработувачката индустрија. Така на пример сега лутите пиперчиња се откупуваат по 5 до 6 денари за парче, односно над 150 денари за килограм на големо, вели за ВЕЧЕР Ристо Велков, претседател на Регионалниот сојуз на земјоделци во Струмица.
Според него, преработувачката индустрија е спас за земјоделското производство и за земјоделците, бидејќи го откупуваат целото производство по добри цени.
И статистика бележи зголемување на нарачките во преработувачката индустрија, а се очекува во наредните три месеци да се зголеми обемот на производството и на резервите на готови производи. Очекувањата се и дека во оваа гранка бројот на вработените ќе се зголеми, а и според последните огласи на Агенцијата за вработување во оваа индустрија има најголема потреба од работници.
Во моментов во оваа индустриска гранка ангажирани се најмногу 158.135 работници, а просечното искористување на капацитетите изнесува 70,7 отсто.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 21,7 отсто, неизвесното економско опкружување со 16,5 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 14,8 отсто и недоволната домашна побарувачка со 14,9 отсто.https://www.vecer.press/%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%88%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5-