fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Мирчески-Мора да има корекција на цените на тутунот со нови анекс договори

Откупувачите веднаш да седнат на маса со министерот за земјоделие и претставниците на здруженијата и да договорат прифатливи цени изразени во нови анекс договори според кои цени оваа година би се постигнал далеку повисок просек за разлика од лани.

 

Почитувани тутунопроизводители,

Громогласниот молк од страна на Министерството за земјоделие, Сојузот на земјоделски здруженија и откупувачите пред почетокот на овогодинешниот откуп на тутунот не навестува ништо добро. Со оглед на фактот дека откупните претпријатија до моментов не извршија корекција на цените по класи со анекс на договорите, како и немањето на никаква реакција до сега од оние кои треба да го штитат тутунопроизводителот, најверојатно откупувачите планираат оваа година да го откупат тутунот по мизерни цени и тутунарите да ги остават со празни џепови.

Почитувани тутунари, следејќи ги изминативе денови коментарите и дискусиите на социјалните мрежи сакам да ви објаснам само едно  пред да биде доцна, а тоа е: доколку навистина се планира да се земе тутунот на тутунарите по ланските цени без притоа да се води сметка за огромната инфлација во државата – со објави, коментари и апели до откупувачите и Владата проблемот нема да се реши. Проблемот има 2 можности за решение и тоа: Откупувачите веднаш да седнат на маса со министерот за земјоделие и претставниците на здруженијата и да договорат прифатливи цени изразени во нови анекс договори според кои цени оваа година би се постигнал далеку повисок просек за разлика од лани. Или,  овластениот Сојуз од страна на МЗШВ  да ги повика тутунарите на бојкот на откупот и организирање на масовни протести.

За таа цел бараме од Сојузот на земјоделски здруженија под итно да излезе на пресконференција и јавно да објасни каква е ситуацијата пред почеток на откупот, а доколку се вистинити информациите кои пристигаат до нас дека откупувачите немаат намера да ги покачат цените на класите во договорите, во најскоро време да закажат состанок со претставници на новите здруженија и претставници на новоформираната Земјоделска мрежа од каде би се излегло со заеднички став и настап пред сите можни сценарија кои се можни да следат и да ги повикаат тутунарите масовно и здружено да застанат во постигнување на достоинствена цена. Доколку тоа не се случи, тогаш вината за грабежот над тутунарите и ‘погребот’ на тутунската индустрија нема да биде само на Министерството и откупувачите туку и нивна. Со почит Игор Мирчески , координатор на новоформираните земјодлески здруженија

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close