fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Kосово ги укинува царините за Србија и БиХ, што ќе значи тоа за Македонија

Косово ги укинува царините кон Србија и Босна и Херцеговина. Тоа е добра вест за регионот, бидејќи сите земји од Западен Балкан се залагаат за непречено одвивање на трговската размена, и без никакви бариери.

Косово ги укинува царините кон Србија и Босна и Херцеговина. Тоа е добра вест за регионот, бидејќи сите земји од Западен Балкан се залагаат за непречено одвивање на трговската размена, и без никакви бариери. Тоа, како што очекуваат стопанствениците од двете страни, ќе придонесе за интензивирање на економската соработка, а веројатно ќе има и поширок регионален ефект, имајќи во предвид дека во изминатите месеци српските производи наоѓаа заобиколни патишта да стигнат до косовскиот пазар, меѓу друготo и преку Македонија. Оттаму и дилемата дали и како ваквата одлука ќе влијае на размената меѓу Македонија и Косово?

Стопанска комора на северозападна МакедонијаНе очекуваме пад на размената

Од Стопанска комора на северозападна Македонија не очекуваат дека укинувањето на таксите ќе се одрази негативно врз размената на нашата земја со Косово.

„Најголема позитивна трговска размена во извоз со државите од регионот имаме со Косово, иако во последните години таа се намали во однос на претходните години од втората деценија на овој милениум. Нашиот став како стопанска комора е дека делумното укинувањето на таксите од страна на Косово кон Србија нема да влијае негативно за нашата трговска размена со Косово, бидејќи нашите производи и компании веќе се добро етаблирани на тој пазар“, нагласуваат од Стопанската комора на северозападна Македонија.

Од таму додаваат дека тие постојано повикуваат дека треба да се искористи оваа ситуација во наша полза за да го зголемиме нашето присуство на косовскиот пазар.

„Треба да се градат патишта како што е автопатот Скопје – Блаце, потребно е и проширување и модернизација на патот до граничниот премин ‘Јажинце’ и воспоставување царина со сите услуги која ќе го прави граничниот премин атрактивен за бизнисите од западниот и југозападниот дел на Македонија“, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија за Независен.мк.

Што вели статистиката

Деновиве „Коха Диторе“ пишуваше дека Македонија, покрај Албанија, имала најмногу корист од воведените такси кон Србија и кон БиХ. Така, според податоците на косовската Царина, увозот на производи од Македонија во Косово во 2019 година бил зголемен за околу 40 отсто, откако Приштина во ноември 2018 воведе такса од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина. Како што пренесе МИА, според весникот, во 2019 Косово увезло стоки од Македонија во вредност од 239,3 милиони евра, додека една година порано таа вредност била малку над 172 милиони евра, односно за над 63 милиони евра помалкуВо 2017 година, пак, македонскиот извоз бил 156,5 милиони евра, или за околу 10 отсто помалку во споредба со годината кога се воведе таксата. Увозот од Албанија, пак, според податоците на Царината на Косово, во 2019 година бил 222,5 милиони евра, за околу осум отсто повеќе од 2018 година, кога бил 206,5 милиони евра.

Од друга страна, на годишнината од воведувањето на таксата, на крајот од ноември 2019, српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ изјави дека загубите на српската економија поради таксата достигнале околу 400 милиони евра и дека во тој период вкупниот српски извоз изнесувал помалку од 50 милиони, додека една година порано бил над 440 милиони евра.

Според податоците на македонскиот Државен завод за статистика, пак, вкупниот обем на трговска размена со Косово во јануари оваа година изнесувал 18,1 милиони евра, за 25,1 отсто повеќе од истиот месец лани. Во јануари, извозот од Македонија во Косово изнесувал 16,3 милиони евра, за 23,2 отсто повеќе од истиот месец лани, а од Косово во јануари биле увезени производи во вредност од 1,75 милиони евра за 45,7 отсто повеќе од истиот месец лани.

За споредба, со Србија во истиот месец вкупната размена била 53 милиони евра, за 26,3 отсто повеќе од јануари 2019 година, при што од Македонија во Србија биле извезени производи во вредност од 12,7 милиони евра (раст од 13,9 отсто), а увозот бил 40,3 милиони евра или за 30,8 отсто повеќе од јануари 2019 година.Целиот текст може да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор:Независен.мк

Слични написи

Back to top button
Close