fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски: Буџетот и денарот се стабилни, државните резерви се на највисоко ниво

Ковачевски потврди и повтори дека Владата е во постојана комуникација со Народната банка на Република Северна Македонија и нема никакви стравувања во однос на стабилноста на денарот и дека државните резерви се на највисоко ниво и согласно висината на државните резерви стабилен е и денарот.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека Буџетот е стабилен и ликвиден и во полна кондиција да ги финансира сите обврски во однос на програмите за финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.

„При конципирањето на Буџетот за 2022, беа намалени непродуктивните трошоци во буџетските ставки за сметка на обезбедување дополнителни средства заради справување со економската криза за која знаевме дека во 2022 година ќе ја има и заради тоа успеавме да ја одржиме ликвидноста на компаниите во енергетскиот сектор“, истакна премиерот Ковачевски, акцентирајќи дека при конципирањето на Буџетот за годинава се одвоени резерви за справување со кризата во посебна програма, која сѐ уште постои во Буџетот.

Премиерот Ковачевски потврди и повтори дека Владата е во постојана комуникација со Народната банка на Република Северна Македонија и нема никакви стравувања во однос на стабилноста на денарот и дека државните резерви се на највисоко ниво и согласно висината на државните резерви стабилен е и денарот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close