Ковачевски: Имаме најевтини горива и струја во регионот
Заради одлуките коишто ги донесовме во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, во регионот ние имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати.
Цените на нафтените деривати ги определува Регулаторната комисија за енергетика коешто е независно тело, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски. На новинарската забелешка дека цените на горивата веднаш се покачуваат при нагорна промена на берзите, но не се намалуваат со истата ажурност кога берзите ќе забележат ценовен пад на нафтата, Ковачевски рече:
„Заради одлуките коишто ги донесовме во однос на скалестото намалување на акцизата и намалувањето на ДДВ, во регионот ние имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати. Каде и да отидете нема да најдете поевтина цена и тоа се должи на брзата и навремена одлука, односно мерките и препораките од страна на владата и ефикасноста на Парламентот во донесувањето на законските решенија коишто веднаш беа објавени“, рече Ковачевски.
Како што додаде тој, цената струјата кај нас, исто така е најниска во регионот.
„Сите знаете дека имаме најмала цена на електрична енергија во регионот и пошироко. Тоа се должи на одлуките на Владата за субвенционирање на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи“, рече Ковачевски.https://alsat.mk/mk/kovachevski-vo-regionot-nema-poevtini-goriva-od-kaj-nas/