fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ковачевски-Просечната откупната цена на тутунот е 252 денари, повисока од лани кога беше 200 денари

Последните пет години има историски највисоки откупни цени на тутунот, вели премиерот

Оваа година,  се очекува да бидат откупени 21.000 тони тутун, што е за 12,5 проценти повеќе од лани, кога беа откупени 18.660 тони. Се очекува тутун со подобар квалитет во однос на минатата година.

– Во однос на откупната цена, можам да кажам дека просечната откупната цена на тутунот е 252,8 денари за килограм и е повисока за 26,12 проценти во однос на 2021 година, кога беше 200, 44 денари за килограм, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека последните пет години има историски највисоки откупни цени на тутунот, нагласувајќи дека за разлика од 2014 година кога откупната цена изнесуваше 117,2 денари за килограм, оваа година цената е повисока за 115,7 проценти.

– Тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите пет години бележи стабилно и одржливо производство. Сите овие статистички и релевантни податоци се показател за една работа, а тоа е дека мерките кои оваа Влада ги презема за оваа стратешка извозна гранка, дават позитивни резултати, додаде Ковачевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close