fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Крадци береле грозје од туѓа нива во Кавадарци – се случувала вистинска драма

Кривична пријава против 41-годишната С.В, Н.В.(43) и Р.В.(24), сите од Кавадарци

Полицијата поднесе кривична пријава против неколку лица во Кавадарци зошто береле грозје во туѓа нива. Кривична е поднесена и против лицето поттикнувач на кражбата, исто така од Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.

– ОВР Кавадарци до Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против 41-годишната С.В, Н.В.(43) и Р.В.(24), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека сториле кривично дело „кражба“ по член 235 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик и против З.К.(64) од Кавадарци, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело по член 235 став 1 во врска со член 23 до Кривичниот законик, соопштија од СВР Велес.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close