Креирање на земјоделска политика
Министерството за земјоделсатво објави повик за пријавување на земјоделски здруженија, задруги и стопански комори за социјални и економски партнери на министерството. Еден од условите за здруженијата е да имаат најмалку 1.000 членови.
Министерството за земјоделство ги повикува земјоделските здруженија задруги и Стопанските комори да се пријават за социјални и економски партнери на министерството.
Ваквата регистрација е услов за членство во потсекторски групи кои имаат задача да даваат мислења и ставови за прашања кои произлегуваат од уредување на земјоделските пазари, за креирање на земјоделската политика и програмите, и да предлагаат решенија за надминување на одредени состојби.
Здруженијата треба да имаат најмалку 1.000 земјоделски стопанства евидентирани во регистарот на министерството.
Здруженија на преработувачи или трговци со земјоделски производи или групации на стопански комори треба да имааат членство од најмалку десет правни лица, а задругите да остваруваат приход од продажба на земјоделски производи на членовите на задругата од најмалку 6.000.000 денари годишно.
Пријавите за партнерствотоа треба да се достават до крајот на овој месец.