fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСовети

Крем чорба од тиква

Оваа е сезоната кога тиквата ја имаме во изобилие. Повелете вкусен рецепт за припрема на чорба од тиква.
Состојки-
– 500 грама тиква
-100 грама моркови
– 1 покрупен компир
– 1,25 л. бистра супа
– 100 грама павлака
– 50 грама масло
– 1/2 главица кромид
– 1 гранче рузмарин
– бибер
– сол
Припрема-
Тиквата и компирот се чистат и сечат на парчиња. Морковите се сечат на кругови, а кромидот се сецка ситно.
Се загрева маслото, се додава исецканиот кромид и се пропржува. Потоа се додаваат тиквата, компирот и морковите, се залива со малку супа, се додава рузмарин, се ставаат зачини по вкус и се заедно се динста неколку минути.
Да се дотури остатокот од супата и да се вари додека зеленчукот сосема не омекни. Готовата чорба се трга од оган, се вади гранчето рузмарин и се пасира се преку густо сито. Чорбата се враќа на шпоре, да зоврие, се додава павлаката и кратко да проврие. Се служи топло.

Пријатно јадење.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close