fbpx
ВестиВиноТоп вести

Крената рампата за македонските вина во Хрватска

 

Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Хрватска. Имено, на истите им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното се географските називи.

Македонските вина ќе можат да се промовираат во Хрватска со нивните географски називи, откако е надминат проблемот кој го предизвикаа одредби од Закон за вино на Хрватска со кои се забрануваше промоција и рекламирање на вината со географско потекло од Македонија.

Најзасегнати од овој проблем беа винарските визби кои извезуваат вино во Хрватска. Имено, на истите им беше забрането во било која форма да го рекламираат и промовираат виното се географските називи.

Министерството за земјоделство информира дека во разрешување на проблемот се вклучил и министерот Љупчо Николовски, кој  изминатиот период имал интензивни работни средби со амбасадорката на Хрватска во земјава, Данијела Баришиќ, а било испратено и писмо до хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ.

Во разрешување на проблемот биле вклучени и претставници на Европската унија.

Хрватска е втора извозна дестинација за вино во шише од Македонија.

„Со брзо надминување на проблемот винарските визби повторно го нормализираа своето работење, односно продажбата на вина на пазарот во Хрватска, пред почетокот на летната туристичка сезона кога има и најголема побарувачка за вино“, соопшти  Министерството за земјоделство.

извор: плусинфо

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close