fbpx
ВестиМакедонија

„Кромберг и Шуберт“пред одлука за отворање на втора фабрика во земјава

„Кромберг и Шуберт“ имаат целосно нова линија за „мерцедес“ со што ќе се ангажираат дополнителни 1.600 работници и најверојатно се пред одлука за отворање на втора фабрика во земјава.

Македонската економија е стабилна и се движи во добра насока. Во втората половина на годината очекуваме да се вратиме на нормалниот раст, изјави денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

Одговарајќи на пратеничко прашање, Заев посочи дека кредитниот рејтинг на државата е потврден од агенцијата „Стандард и пурс“, а во моментот се преговара со девет нови странски компании. Фабриката за кабли во Неготино е купена од турска компанија, а „Дрекслермаер“ е пред одлука за нова инвестиција со нови 2.000 вработувања, додека „Кромберг и Шуберт“ имаат целосно нова линија за „мерцедес“ со што ќе се ангажираат дополнителни 1.600 работници и најверојатно се пред одлука за отворање на втора фабрика во земјава.

Заев очекува дека петтиот пакет мерки кој, како што рече, е насочен кон закрепнување на економијата, ќе даде дополнителни резултати.

Задоволен е од досегашната реализација на даноците кои во февруари бележат пораст во однос на истиот период лани.

– Последните месеци евидентен е растот на индустриското производство, а раст покажува и трговската размена. Во пораст се и приходите во буџетот. Данокот на додадена вредност од 1 до 24 февруари годинава во бруто износ е четири милјарди 615 милиони 574 илјади денари, а истиот период лани кога немаше криза е 3 милијарди 946 милиони 456 илјади денари или е за 17 проценти подобра наплатата на бруто износот на данокот на додадена вредност, истакна Заев, додавајќи дека данокот на личен доход во истиот период е за 6,5 проценти повеќе, а наплатата на данокот на добивка е 10 проценти повеќе во споредба со лани.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close