fbpx
Вести

Македонскиот органски грав и печурки се продаваат во Швајцарија уште од 2016 година

Интересот за македонската органска храна на европскиот пазар се зголемува, а први на листата на купувачи на македонски органски производи се Швајцарија и Словенија. Во Швајцарија, која дава силна поддршка на развојот на македонското органско производство една половина од потрошувачите купуваат органска храна. Интересен е фактот дека уште од 2016 година македонскиот органски грав и печурки се продаваат во Швајцарија

Македонија може да биде органска земја и да ги искористи климатските и почвените предности со кои располага. Во последните години во Македонија се преземаат многу мерки и активности во насока на развој на органското производство. Покрај повисоките субвенции, настап на меѓународни саеми, полесен пристап до меѓународните пазари, секако една од мерките која ќе придонесе за поголем развој на органскиот сектор во Македонија е Регистарот на органски производители. На овој начин се направи попрецизен увид на производителите на органски производи, како и на тоа каков вид на органска храна се произведува и се нуди на пазарот. Сето ова придонесе Македонија да почне да извезува органски производи во Швајцарија и во Словенија.
Во оваа насока голем придонес имаше и проектот за органско производство „Конс Серт”, финансиран од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО), кој го спроведуваше Истражувачкиот институт за органско земјоделство (ФиБЛ, Швајцарија).
– Реализацијата на овој проект има за цел да ја намали сиромаштијата на малите и средните земјоделци преку промовирање на трговијата со сертифицирани органски производи, олеснување на пристапот на органските фармери кон европскиот и швајцарскиот пазар. Овој проект значително придонесе за развој на органското производство и полесен пристап на македонските извозници до меѓународните пазари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Во насока на зголемување на македонското органското производство преку програмата за поддршка на земјоделството се нудат мерки кои ќе го поттикнат органското производство. Една од тие мерки се и високите субвенции за органското производство кои се за 100 отсто повисоки од оние кои се наменети за конвенционално производство.
МЗШВ интензивно работи на промоција на македонските органски производи на меѓународните саеми. Како резултат на настапот на меѓународни саеми континуирано се склучуваат договори за извоз што е доказ за квалитетот и посебноста на македонските органски производи.
– Креираме мерки да ги поттикнеме младите земјоделци да се занимаваат со органско производство, така што на новиот повик за млади земјоделци издвоени се 4 милиони евра од Програмата за рурален развој. Во насока на зголемување на органското производство ќе се доделува и државно земјиште до 3 хектари за кој што предност ќе имаат органските производители, додава Николовски.
Интересот за македонската органска храна на европскиот пазар се зголемува, а први на листата на купувачи на македонски органски производи се Швајцарија и Словенија. Во Швајцарија, која дава силна поддршка на развојот на македонското органско производство една половина од потрошувачите купуваат органска храна. Интересен е фактот дека уште од 2016 година македонскиот органски грав и печурки се продаваат во Швајцарија.
Што се однесува до производите последните анализи покажуваат дека на европските и на светските пазари засега се во тренд и се најбарани органскиот ориз и органските јајца.


 

vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close