Во Крушево гости за празниците
Во Крушево има гости кои сакаат новогодишните и божиќните празници да ги поминат мирно, спокојно и со чувство на безбедност.
Во Крушево има гости кои сакаат новогодишните и божиќните празници да ги поминат мирно, спокојно и со чувство на безбедност.
– Очигледно, оваа Нова година е многу, многу поразлична. Се знае дека до 18 часот работат угостителските објекти. Дотогаш, колку ќе прославиме, потоа дома со фамилијата. Има гости од другите градови, но повеќето фамилијарно се дојдени. Друштва многу поретко, па и казните се многу големи, ни изјави Ташески.
– Гости има речиси како и другите години. Но, по улиците нема гости. Си седат во апартманите, ако прошетаат, арно. А ние дома. Со оглед на ситуацијата, редно е да ги почитуваме мерките, вели повозрасен крушевчанец.
Крушевскиот градоначалник Томе Христоски апелира за пречек без групирање. организирани се на теренот за да нема несакани ситуации.
– Ситуацијата со корона-вирусот се нормализира. Ние перманентно ги преземаме сите мерки за заштита. Секојдневно се превенира, се делат заштитни маски. За новогодишните и божикните празници, веќе се организиравме со Министерството за внатрешни работи и со пазарната инспекција, а воспоставуваме и некаков ред со редари. Ќе бидат излезени на терен, ќе ги предупредуваат сите да нема групирање, да се прославуваа во семен круг. Апел упатуваме и до сместувачките капацитети и таму да нема групирање, изјави Христоски.
Крушево посакува и очекува безбедни празници, а градот со околината нуди можности за тоа.https://libertas.mk/vo-krushevo-gosti-za-praznicite-se-ochekuva-bezbeden-prechek-na-novata-godina/