fbpx
Вести

Куќи, штали, но и винарници и оранжерии ќе добијат имотни листови

Куќи, штали, помошни објекти за примарно и секундарно производство, но и мини-фабрики што се изградени на земјоделско, наместо на градежно земјиште пред март 2011 година, ќе може да се легализираат. Ова се само дел од измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Легализацијата ќе биде можна за сите објекти, освен за натстрешници и објекти за привремено сместување.

Измените се носат поради тоа што во досегашниот закон за земјоделско земјиште овој дел не беше уреден. Со легализацијата на објектите практично ќе им се овозможи на сопствениците и приватизација на земјиштето. Ќе може да се откупи земјата под оранжерии, штали, под рибници, винарници и други објекти изградени на земјоделско земјиште.

kukji shtali no i vinarnici i oranzherii kje dobijat imotni listovi

 

Според досегашните информации, ниту половина од оранжериите, фармите, шталите и другите помошните објекти за преработка на земјоделски производи досега не можеа да го откупат земјиштето поради нелегалните објекти. Во Министерството за земјоделство велат дека измените на законот се битни и неминовни за да им се овозможи на сопствениците да добијат имотни листови со кои понатаму ќе можат да ги користат европските ИПАРД-фондови.

Предмет на овој закон се бесправните објекти на кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се изведени градежните и инсталатерските работи во целост и претставуваат градежна и функционална целина, стои во законот. Односно, ќе се легализираат само објектите што се веќе целосно изградени.

3eba4ab03f42ce4293d1ea2ca9ebcd4e-600x450-563x353

Земјоделците се задоволни од измените. Велат дека конечно ќе го решат проблемот со дивоградбите што се на земјоделско земјиште.

– Со законот ќе се легализираат сите помошни објекти што служат за засолнување на луѓе и добиток, чување земјоделска механизација и опрема, храна за животни и за привремено сместување на земјоделски производи со површина до 500 квадратни метри и максимална висина од 5,5 метри. Ќе се легализираат и рибниците, објекти за сместување опрема за одржување на квалитетот на водата и животната средина, за производство на вино, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија и кланички капацитети велат изготвувачите на законот.

Во иднина земјоделците ако сакаат да изградат каков било објект за примарна и секундарна намена, ќе мора да имаа дозвола за градба од општината. За таа цел ќе мора да имаат и земја.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close