fbpx
Вести

Кумановските земјоделци заинтересирани за субвенции за механизација

Вкупно 98 земјоделци поднеле апликации за програмата 50:50 за набавка на механизација, а интерес има и за владината мерка за млади земјоделци.
kumanovskite zemjodelci zainteresirani za subvencii za mehanizacija
Годинава на повикот кој траеше до трети март, аплицирале 54 земјоделци од Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Четворица кои подигнале овошен насад до декември, минатата година поднеле апликации за поврат на средствата.
Како што информира Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, до 10 март трае огласот за набавка на матици и пчеларска опрема, а до 30 март повикот за набавка на систем капка по капка.
Земјоделците од трите општини годинава пројавиле поголем интерес за  набавака на трактори во однос на приклучната механизација.
– Со програмата им се нуди можност да ја обноват дотраената механизација, тракторите, приклучната механизација, да го осовременат производството, а со тоа да очекуваат и поголеми приноси. Добар дел од апликантите се млади земјоделци. Добиваат поврат на вложените средства од 50 отсто што е значително олеснување, изјави Живка Наумова, раководител на Подрачната единица.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close