Субвенции за сите фармери што ќе садат по педолошка карта

Македонија е вистински педолошки музеј. Располага со речиси сите почвени типови што ги има во централна и јужна Европа, но тие не се секогаш рационално искористени. Експертите велат дека целта е културите да се одгледуваат соодветно и да се зголемат приносот и квалитетот на она што се сади или сее.

startup-600x400

Лозови или овошни насади или можеби маслинки или киви? Што да се посади или посее на одредено земјиште? Министерството за земјоделство минатата недела ја разреши повеќедецениската дилема на земјоделците. Со подготвената педолошка карта, која ја има и во дигитална верзија, сега фармерите точно ќе знаат на која почва што се одгледува и каква микроклима има во одреден регион. Во ресорот велат дека Македонија е единствена земја од регионов која има ваква педолошка карта. Објаснуваат дека земјава ни е вистински педолошки музеј. Располага со речиси сите почвени типови што ги има во централна и јужна Европа, но тие не се секогаш рационално искористени. Ceгa по промоцијата на Македонскиот почвен информациски систем, односно македонската педолошка карта, земјоделците ќе добиваат информации од прва рака и ќе знаат дали на одредено место повеќе треба да се садат градинарски култури или можеби тутун. Експертите велат дека целта им била културите да се одгледуваат соодветно и да се зголемат приносот и квалитетот на она што се сади или сее.

Публикувана првата детална почвена карта на Македонија

Со еден клик до информација

Во ресорот објаснуваат дека картата е веќе во функција, а ќе послужи како основа за претстојното т.н. агроеколошко реонирање на Македонија, односно поделба на земјоделското производство според условите. Ова се прави со единствена цел културите да се одгледуваат на најсоодветните почви, што ќе значи остварување максимални приноси и квалитет.

Во Асоцијацијата на земјоделците на Македонија велат дека ова е одлична можност за земјоделците.

Македонскиот почвен информациски систем е изготвен со поддршка на ФАО. Според него, Македонија е поделена на десет подрачја, а за секое е изработен толковник за почвите и нивните својства. Содржи 61 карта во размер 1:50.000. Освен десетте толковници за картите, отпечатена е и карта 1:200.000 со посебен толкувач.

pedoloska_karta

Субвенции за сите фармери што ќе садат по педолошка карта

Сите фармери што ќе садат по педолошка карта или ќе подигнуваат долгогодишни насади по неа од в година за тоа ќе добиваат субвенции. Следната година се планира, покрај научните сознанија, да се вршат и опити за да се утврди кој семенски материјал каде најдобро успева.

Државата во овој сегмент планира да обезбеди и субвенции за земјоделците за да произведуваат она што во одредениот реон ќе даде најдобри резултати велат во ресорот.