Вести
КУПЕТЕ НАВРЕМE: Поради суша овој производ ќе биде поскап
Само оваа година цената на маслиновото масло ќе порасне за четвртина, ако родот во Шпанија биде слаб поради суша.
Стручњаците предупредуваат дека вртоглав раст на цената ќе има поради сушата која го зафати Медитеранот.
Падот на родот оваа година ќе биде за 14%, а може да биде и уште поголем.
Фајненшл тајмс пишува дека Италија, Грција и Тунис оваа година ќе бидат очајни со родот на маслинки.
Се очекува дека Италија во септември ќе има двојно помал род, во Грција родот ќе биде за 20% послаб, а во Тунис за 17% помал род на маслинки.