Како да ги применувате фосфорните ѓубрива во овоштарството?

Фосфорната киселина растворлива во вода, се смета за најпристапен облик на фосфор во фосфорните ѓубрива. Ги набројуваме фосфорните ѓубрива со стручна напомена за тоа како истите треба да се применуваат во овоштарството.

Општо познато е дека овошките имаат потреба за значајни количини од фосфор, токму затоа во овоштарниците, често доаѓа до недостаток од тој елемент. Како што нагласува советникот за овоштарство и лозарство, дипломираниот инжинер за земјоделство Дејан Јоциќ од Јагодина, еден дел од дефицитарниот фосфор, може да се надомести со употреба на органски ѓубрива (стањак, компост). Сепак, додава тој, кога ќе се земе предвид дека годишните потреби на дрвенестите овошни врсти изнесува и над 30 кг/ха чист фосфор, јасно е дека тие потреби не можат да се надоместат исклучиво со внесување на органски ѓубрива. Тој дефицит, напоменува Јоциќ, се надоместува со внесување на некои од фосфорните ѓубрива, кои во себе содржат некои од фосфорните соединенија.

Растворливата во вода фосфорна киселина е најдостапен облик на фосфор

Денес, фосфорните ѓубрива се произведуваат во повеќе земји. Тие се добиваат од соединенија кои содржат фосфорна киселина во нерастворлив облик, при што главна задача при производството е нерастворливиот облик на фосфор да се претвори во растворлив. Фосфорната киселина, растворлива во вода се смета за најпристапен облик на фосфор во фосфорните ѓубрива. Експериментите изведени во последните неколку децении, покажуваат дека пристапноста на фосфатите – растворливи во вода и фосфати растворливи во раствор на неутрален амониум – цитрат е приближно иста. Мали количини на фосфорни ѓубрива, постојат во облик на соли на метафосфорна киселина и најчесто во комерцијалните ѓубрива се наоѓаат метафосфати на калиум и калциум.

Суперфосфат – производ од сирови фосфати и сулфурна киселина

Суперфосфат, кој најчесто е присутен во трагови, се добива од сирови фосфати и сулфурна киселина. Сировите фосфати се наоѓаат во карпестите камења од вулканско или седиментно потекло, а можат да бидат од органско или неорганско потекло. Фосфорот во седиментните камења од неорганско потекло, потекнува од фосфатот од морската вода. Наслагите од биолошко потекло, настануваат од птичјиот измет и неговите наоѓалишта се ограничени и повеќето веќе се исцрпени. Најголемите резерви на фосфатните наслаги се наоѓаат во Мароко и прават 45% од вкупните резерви на фосфати во светот.

Фосфорните ѓубрива поскапи од комплексните

Поради ограничените количини на сиров фосфор во природата, цената на фосфорните ѓубрива е нешто повисока во споредба, на пример со комплексните ѓубрива. Освен тоа, цената на ѓубривата, дополнително ја подигнуваат различните примеси во фосфатните руди.Така на пример, големите количини на карбонат во сировите фосфати го поскапуваат производството на суперфосфати, затоа што сулфурната киселина се троши на разложување на карбонатите, наместо на фосфатите. Реакцијата помеѓу сулфурната киселина и фосфатните камења се постигнува со мешање во посебни садови кои се вртат околу осовината. Вредноста на суперфосфатот зависи и од неговото созревање, па поради тоа суперфосфатот не се пушта веднаш во продажба, туку одредено време се чува во магацин. Суперфосфатот освен калциум фосфат (25%)  содржи и околу 50% гипс.

Суперфосфатот е наменет за овоштарниците на неутрални и алкални земјишта

Суперфосфатот се употребува во овоштарниците подигнати на неутрални и алкални земјишта. На киселите земјишта ова ѓубриво треба да се употребува само во форма на гранули или може да се употребува во куќички или ленти. Ако ѓубривото во овоштарникот се внесува површински (што е најчест случај), треба да се внеси пред орањето. Обично ѓубрењето се врши во количина од 400 – 800 кг/ха во зависност од снабденоста на земјиштето со фосфор, што се утврдува со агрохемиска анализа на земјиштето. Тројниот суперфосфат претставува третирање на фосфатните камења со фосфорна киселина. Внесувањето на ѓубривото се спроведува исто како и при употреба на суперфосфатот со напомена дека нормата на ѓубрење е нешто пониска.

Томасовото брашно најдобар ефект има на кисело земјиште

Томас – фосфат (Томасово брашно) се добива како нус производ во производството на челикот. Тоа ѓубриво се добива со мелење на Томасова згура при што се добива сивоцрн прав со голема специфична тежина. Поради малата хигроскопичност лесно се чува. Томас – фосфатот содржи 16 -22% фосфорна киселина (просечно 17,6%). Фосфорот од Томасовото брашно е растворлив во лимонска киселина и најдобри ефекти остварува на кисело земјиште.

Преципитираната фосфорна киселина има приближно еднаква вредност на суперфосфатната фосфорна киселина

Преципитатот настанува со мешање на ѓубрива со примарни фосфати и ѓубрива кои содржат калциум и амонијак, така што чест е составот на комплексни ѓубрива. Преципитираната фосфорна киселинаспоред својата вредност за исхрана на овошките е приближно еднаква на вредноста на суперфосфатната фосфорна киселина. Сировиот фосфат може да се применува во овоштарството на кисели земјишта во форма на фино сомелени фосфатни камења. Сировите фосфати мора да бидат фино сомелени поради зголемување на допирната површина со земјата. Ефикасноста на фосфатите во облик на сирови фосфати е значително помала отколку во облик на суперфосфат, така што за постигнување на истиот ефект потребно е да се внеси 2-3 пати повеќе фосфор во облик на сирови фосфати, отколку во облик на суперфосфат.

 

 

Примента на MAP поекономична поради брзото дејство на овошките

MAP (моноамониум фосфат) и DAP (диамониум фосфат) се добиваат со неутрализирање на фосфорната киселина со амонијак.MAP  содржи 48% фосфор (5) оксид, кој во потполност е речиси веднаш достапен за овошките. Недостатокот на тоа ѓубриво е што доведува до закиселување на земјиштето, но неговата примена поради брзото дејство на овошките е многу економична. Слични особини има и DAP, со таа разлика што тој содржи 46 % фосфор (5) оксид.

 

Share Button