fbpx
ВестиВкусот на традицијатаТоп вести

Куркумата е лек, но не за сите

Сигурно многу пати досега сте слушнале за здравствените придобивки од куркумата. Некои од вас можеби ја користеле како лек, а некои само како зачин. Но при нејзината консумација треба да се биде внимателен.

Комбинацијата од куркума и мед има силно антибиотско дејство кое не можат да го објаснат ниту докторите. Сепак, употребата на куркума „на своја рака“ може да предизвика сериозни контраиндикации.

Од Институтот за биолошка хемија и исхрана на Универзитетот Хохенхајм во Штутгарт, Германија, доаѓаат следните информации:

„Фармаколошките активни супстанции на куркумата можат да стапат во интеракција со некои лекови и со тоа негативно да влијаат на текот на лекувањето за што би требало да бидат информирани пациентите чие здравје би можело да биде загрозено.

Значи, квалитативните вредности на куркумата се присутни, но во комбинација со некои други лекови можат да предизвикаат несакани нуспојави. Затоа пред да почнете да ја употребувате како лек, обратете се кај вашиот лекар.

Од лабораторијата за истражување на цитокин, од Одделението за експериментална терапија од Тексас, САД, доаѓа информацијата дека употребата на куркумата исклучиво во исхраната е најпродуктивна за здравјето на човекот, инаку нејзините последици можат да бидат многу штетни.

„Бидејќи куркуминот е главна фармаколошка активна состојка на куркумата, за неговатаделотворна примена е најважен начинот на кој се внесува во организмот за да биде најдобро апсорбирана. Куркуминот не е растворлив во вода, туку во масти што значи дека се апсорбира во тенкото црево како и останатите масти. Заклучок е дека неговата подобра биорасположивост се воочува по неговото внесување преку храна. Храната содржи одредена количина масло во која куркуминот се растопува.

Кој не смее да ја користи?

Куркумата не смеат да ја користат луѓе во одредени здравствени состојби, односно треба да водат сметка при земањето на овој зачин во медицински цели.

Трудници – се советува трудниците и доилките да избегнуваат внесување големи количини куркума со оглед на тоа што може на влијае врз развојот на плодот во бременоста како и на предизвикување ризик од предвремени контракции на матката или крварење од матката.

Проблеми со жолчната кеса – доколку жолчката не ви е во ред избегнувајте куркума, затоа што може да ги попречува жолчните патишта и создава камен во жолчката.

Проблеми со згрутчување на крвта – овој лек може да има негативен ефект доколку се комбинира со некои лекови против згрутчување на крвта. Доведува до отоци, модринки и крварења. Исто така, треба да се избегнува и во комбинација со растителни намирници кои имаат ефект на разредувачи на крвта, како што се лукот и ѓумбирот.

Проблеми со желудочната киселина – прекумерната употреба на куркума може да ја оштети слузокожата на црниот дроб и да предизвика киселини, проблеми со цревата или чир на желудник.

Низок крвен притисок и лекови за дијабетес – кукркумата никако не би требало да се меша солекови за дијабетес и притисок, зашто може дапредизвика симптоми како што се лупање на срцето, замаглен вид и вртоглавица.

Алергија на ѓумбир – затоа што куркумата потекнува од семејството на ѓумбирот, алеријата на сите видови на оваа билка можеда предизвикаат алергиска реакција на куркумата.

Куркумата како лек

Иако уште не се спроведени доволно истражувања, досегашните покажуваат дека куркуминот може превентивно да влијае на настанок на ракот и да го забават неговиот раст, а ја прави поефективна и хемотерапијата и ги штити здравите клетки, објасниле докторите од познатата Мајо клиника од САД. Делувањето на куркумата и куркуминот е силно поради антиоксидативните својства кои се заслужни за противвоспалителното делување инамалување на отеченоста.

Исто така, куркумата и куркуминот се еднакво ефикасни во отстранувањето на симптомите на депресија, баш како и Прозакот.

Исто така, оваа чудесна состојка подмладува и ги обновува клетките на мозокот, помага кај Алцхајмерова болест, деменција, оштетување на мозочното ткиво и го забрзува опоравувањето на мозочниот удар.

Заклучокот е дека куркумата е исклучително здрава билка. На нејзините позитивни дејства, им нема крај, но нејзината употреба сепак не смее да се зема без резерва. Прекумерната доза на куркумин не само што ќе ви го наруши здравјето, туку ќе предизвика и последици со кои не сакате да се соочувате.

Затоа, само умерено со овој феноменален зачин, а особено бидете внимателни ако го консумирате како лек.

 

Валентина Соколовска

Слични написи

Back to top button
Close