fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Платежната агенција е назначен службеник за млади

Службеникот за млади - ќе ги координира, спроведува и следи прашањата од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.

Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  е назначен службеник за млади, објави директорот Никица Бачовски.
Согласно член 23 од Законот за младинско учество и младински политики органите на државната управа се должни да одредат службеник за млади – кој ќе ги координира, спроведува и следи прашањата од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.
За сите можности, мерки и финансиска помош кои Агенцијата ја овозжожува за младите лица, истите може да се информираат со контактирање на dragana.mitov@ipardpa.gov.mk
Како институција активно ги следиме и имплементираме законските обврски и ја доближуваме нашата работа и активности до младите.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close