fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Наутро магла а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност

Најстудено во Берово -5 , -4 Тетово, -3 Штип, Прилеп, -2 Битола, Лазарополе, -1 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 0 Виница, Претор, Демир Капија, Крива Паланка, 1 Дебар, 2 Попова Шапка, 3 Охрид, Гевгелија, Крушево, 5 Дојран.

04.01.2023 МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-5 Берово, -4 Тетово, -3 Штип, Прилеп, -2 Битола, Лазарополе, -1 Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 0 Виница, Претор, Демир Капија, Крива Паланка, 1 Дебар, 2 Попова Шапка, 3 Охрид, Гевгелија, Крушево, 5 Дојран.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Наутро по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен во претпладневните часови и вдолж Повардарието што ќе влијае на ослабување на маглата особено во делови од Повардарието и кон исток. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот краткотрајно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close