Лага е дека се предава само неквалитетен тутун, има тутунари што ја предадоа целата реколта која им е проценета на 3 и 4 класа
„Баба лаже трап не лаже“, велат тутунари кои ја предале целата реколта, а тутунот им е проценет на 3 и 4 класа. Тутунарите велат дека не го кријат тутунот со добар квалитет, туку има семејства што ја предале целата реколта, па лошо поминале со проценките на класите.
„Баба лаже трап не лаже“, велат тутунари кои ја предале целата реколта, а тутунот им е проценет на 3 и 4 класа. Тутунарите велат дека не го чуваат тутунот со добар квалитет, туку има семејства што ја предале целата реколта, па лошо поминале со проценките на класите.
– Место прва или втора добиваме трета и четврта класа што, значи дека тутунот ова сезона ќе ни дојде околу 130-140 денари по килограм. Со вакви цени тешко можеме да преживееме. Згора на сè, премногу одбитоци ни земаат, се жалат тутунари.
Сегашната цена на четвртата класа е 80 денари што многу влијае на нискиот просек, а со нејзино укинување најниска класа по која би се откупувало би била трета класа со 155 денари за килограм.
Од Иницијативниот одбор на тутунари приложуваат пресметки на кои се гледа, како што велат колку се оштетени производителите.
Од денска е стопиран откупот на тутун, и повлечени се поверениците од Сојузот на земјоделски здруженија Оваа ситуација ќе трае до петок до средбата на членовите на ИО со МЗШВ и откупувачите.
A.Б