
Агро бизнисВиноТоп вести
Трипуновски отиде со лозарите на откупните пунктови во селата Тимјаник и Тремник
„Јасно порачувам – нема да се дозволи неправда и манипулација при откупот. Нашата цел е секој лозар да биде сигурен и заштитен во својата работа“, посочи министерот.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ги посети на откупните пунктови во селата Тимјаник и Тремник, општина Неготино.
„Со откупувачите и со лозарите разговарав за текот на откупниот процес“, истакна министерот.
Тој додаде дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство се на терен и внимателно ја следат ситуацијата.
„Јасно порачувам – нема да се дозволи неправда и манипулација при откупот. Нашата цел е секој лозар да биде сигурен и заштитен во својата работа“, посочи министерот.