fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Гладни волци ги плашат минувачите кај крстот во Кучково

Целите преплашени, раскажува младиот Кристијан, почнавме да удираме со камења и со сѐ што ни дојде при рака, но волците не бегаа и продолжуваа да вртат околу нас. За среќа, успеавме да стигнеме до автомобилот пред тие да стигнат до нас.

Наместо да уживаат во пикникот во скопското село Кучково, скопјанецот Кристијан и неговите пријатели во петокот спасувале жива глава од волци кои кружеле околу нив и се подготвувале за напад. Како што ни раскажа нашиот соговорник, додека седеле на тревата во близина на големиот бетонски крст над селото Кучково, одеднаш биле опколени со гладни волци. Целите преплашени, раскажува младиот Кристијан, почнавме да удираме со камења и со сѐ што ни дојде при рака, но волците не бегаа и продолжуваа да вртат околу нас.

– Најпрво помисливме дека се кучиња-скитници, но подоцна им ги видовме очите и сфативме дека се волци. Не ни се веруваше дека волци ќе се симнат толку ниско, скоро до селото каде што постојано има посетители. Сум слушнал дека волци се симнувале во текот на зимата кога има снег, ама сега сме крај на мај. За среќа, успеавме да стигнеме до автомобилот пред тие да стигнат до нас – ни изјави Кристијан.

Слична случка истиот ден доживеал и велосипедистот Драган од Козле. Тој за Плусинфо раскажа дека два волка го пречекале на асфалтот кој води кон крстот над селото Кучково.

– Скоро секој викенд одам со велосипед до Кучково, а викендов на асфалтот ме пречекаа два волка. Застанав и почнав да викам по нив, но тие не бегаа. Стоеја, ме гледаа во очи и не ме пуштаа да поминам. Одеднаш го употребив електро-шокерот и тие побегнаа. Вакво нешто првпат ми се случува, срцето ќе ми застанеше од страв – раскажува велосипедистот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close