fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Лебчето од 250 грама на „Жито Лукс“ стигна до 28 денари!

До неодaмна, големиот леб од 450 грама, „Жито Лукс“ го продаваше по оваа цена – 28 денари.

Нови цени на лебот, уште повисоки, има од вчера во продавниците. Едно мало лебче од 250 грама на „Жито Лукс“ чија цена беше 25 денари, сега е 28 денари. До неодaмна, големиот леб од 450 грама, „Жито Лукс“ го продаваше по оваа цена – 28 денари.

Производителите на леб и печива велат дека трошоците, особено за струјата или гасот, им се огромни. Со оглед на високите цени на енергенсите што се најавуваат за зимава, тие велат дека лебот може да биде и уште поскап. Од друга страна, се` уште има неизвесност и за идните берзанските цени на пченицата од новата реколта.Во продавниците веќе нема „нормална“ големина на пченичен леб под 50 денари. Купувачите нервозно бираат леб кој ќе им одговара на цената.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close