Лебот поскапува во септември –
Членови на Пекарската занаетчиска комора за Денар брифираат дека лебот во септември би можел да поскапе и за 15 проценти. Тоа значи дека белиот леб што сега го купуваме за 35 денари, наскоро ќе се продава за околу 40 денари.
Новите високи цени на пченицата на светските берзи, особено по излегувањето на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, практично ги притискаат пекарниците да ги променат цените на лебот.Од пекарската индустрија бараат државата да ги заштити граѓаните од нои поскапувања со тоа што ќе го помогне бизнисот преку субвенции.
Членови на Пекарската занаетчиска комора за Денар брифираат дека лебот во септември би можел да поскапе и за 15 проценти. Тоа значи дека белиот леб што сега го купуваме за 35 денари, наскоро ќе се продава за околу 40 денари.
-Не сме ние виновни за поскапувањето, бидејќи зависиме од цените на берзите. А тие, во последно време, воопшто не ни одат во наша полза. Со потегот на Русија да го напушти Договорот за извоз на украинско жито, цените на берзите скокнаа за 10 до 15 проценти. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но секој производител ќе може да си одлучи дали да ги покачи цените или ќе ги продава производите по исти цени – велат нашите соговорници.
На оваа тема неодамна разговаравме и со сопственик на познат ланец на пекарници во Скопје, а и тој исто така потврдува дека има најави за ново поскапување на брашното и на пченицата, а со тоа и на готовите производи.https://denar.mk/